Загреб станува град на модата, а фотографиите на Горан Чишмежија и Синиша Бужан се доказ за тоа.
Познатите хрватски фотографи се занимаваат со ловење на најубавите моменти на уличниот стил во светските модни метрополи, но нивната работа е во голема мера лоцирана во нивната матична земја. Работните обврски на талентираните фотографи не се воопшто тешки кога загрепчанките воодушевуваат со своите стилски комбинации, без разлика каде одат.
Погледнете го стилот на случајните минувачки низ загрепските улици доловени низ објективите на Чишмежија и Бужан.