Почетна » Новости » Актуелно » Силна фотографија по земјотресот во Загреб: Родилки со бебињата во рацете стојат во дворот од болница

Силна фотографија по земјотресот во Загреб: Родилки со бебињата во рацете стојат во дворот од болница

Хрватска беше погодена од силен земјотрес. Потресот беше со 5,5 степени според Рихтеровата скала.

Фотографија направена пред болница во Загреб го трогна регионот. На неа, десетици родилки со своите бебиња стојат во дворот од болницата.

„Нека биде симболична – нека победи животот“ – пишуваат во описот на фотографијата од порталот за родители Bebac.

Додека силно се препорачува седењето дома поради коронавирусот, во случај на земјотрес тоа е невозможно.

„Граѓаните излегоја на улица. Тоа е спротивно од тоа што го зборувавме сите овие денови. Но, не можеме да речеме и сугерираме да се вратат во своите домови. Бидејќи мора да видеме како ќе се развива оваа ситуација со земјотресот. Па, ѓраѓаните кои се надвор треба да се држат максимално оддалечени едни од други. Најдобро е да повеќе од две личности да не се една до друга. Туку да се барем на две до три метри оддалеченост, за да не продолжи да се шири коронавирусот. За вирусот земотресот нема никакво значење, тој се шири со своја логика. Па ве молам оддалечете се едни од други“ – апелираше министерот за внатрешни работи на Хрватска, Давор Божиновиќ.

Земјотрес Земјотрес

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20933 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.