Ексцентрична, слоевита и колоритна... Уличната мода во Јапонија дефинитивно е уникатна.
Гостите на модната недела во Токио се најекспресивни и не се плашат да експериментираат со бои, силуети, волумен и необични аксесоари.
За време на настанот, познат и како „најпопуларниот моден фестивал во Јапонија“, беа презентирани колекциите за сезоната есен/зима 2021.