Синџирот хотели Конрад на Малдивите нуди неверојатен подводен апартман за романтичен престој на љубителите на океанот.
Стаклениот апартман, кој е сместен на дното на Индискиот океан, е уникатна можност да лежите в кревет и му да се воодушевувате на подводниот растителен и животински свет.
Овој возбудлив апартман бил создаден по повод петгодишнината на хотелот, откако подводниот ресторан „Ithaa“ бил редизајниран.
Се разбира, ваквото задоволство не може да си го дозволи секој. Хотелот не ја изложува цената за престој во подводниот апартман и препорачува заинтересираните да поддадат барање за престој две седмици предвреме.