Љубителите на раскошот и естетиката на Версаче нема шанси да останат рамнодушни на ентериерот на „Palazzo Versace Dubai“.
Хотелот е граден со идејата да асоцира на италијански замок од 16. век, а е опишан како „неокласично ремек-дело со суптилни црти на арапската архитектура“.
Целиот мебел и сите ткаенини се изработени во Италија од House of Versace. Убавите градини и трите базени декорирани со мозаик ја засилуваат привлечноста на локацијата и ја прават идеална за луксузни свадби.