Доколку некогаш сте истражувале идилични дестинации во Грција, големи се шансите да сте наишле на зашеметувачки привлечни фотографии од хотелот „Calilo“.
Лајфстајл блогерките го обожаваат, бидејќи е совршен за креирање на неодоливи фотографии кои со леснотија мамат лајкови.
Сместен на островот Иос, хотелот привлекува со необична архитектура, спектакуларни панорамски погледи на залив и магично спокојство. Гостите можат да изберат еден од 30-те апартмани со уникатен ентериер од кои запира здивот.
Иако е релативно нов и функционира само три години, овој хотел успеа да си изгради репутација на омилено тропско „засолниште“ меѓу бројните клиенти.