Мајките, кои имаат мали бебиња, се преморени поради сите обврски околу нивното малечко. Но, кога ќе се пожалат дека се ненаспани, најчесто добиваат еден совет: „Спиј додека спие бебето“.
Сара Ванселм покажува зошто тоа е невозможно. Популарната блогерка од Шведска, која има три деца, снима забавни видеа кои им мамат насмевки на родителите.
„Не можам да ви кажам колку пати сум слушнала дека треба да спијам кога спие бебето. Да речеме дека тоа би било опасно за двајцата, бидејќи кога спие бебето, најчесто јас морам да се движам“ – пишува Сара.