Инспиративните приказни нè мотивираат да се стремиме да си ги оствариме нашите соништа. Една од тие животни стории ѝ припаѓа на Маријан Авиља од Шпанија.
23-годишната девојка со Даунов синдром, која цел живот копнеела да биде модел, сега руши стереотипи и надминува очекувања, смело чекорејќи во модниот свет.
Имено, во 2016 година Маријан завршила обука за професионален модел, која траела 10 месеци. Истата година, таа го добила и својот прв моден ангажман – да дефилира на хуманитарна ревија во Мадрид.
Две години подоцна, Авиља била поканета да учествува на Њујоршката недела на модата. „Конечно, конечно! Не можев да престанам да плачам од емоции. Постојано повторував: ‘Ова е мојот сон, ова е мојот сон’“.
„Навистина бев многу возбудена. Нема зборови со кои можам да го опишам тоа. Беше како сон. Сакам да му покажам на целиот свет дека кога сонуваш да постигнеш нешто, бариери не постојат“ – додала Авиља.
Маријан има позирано за списанија како „The New York Times“, „Vanity Fair“ и „Harper’s Bazaar“, а неодамна стана заштитно лице на кампања за Levi’s.
Во ноември минатата година, Авиља ја доби наградата „Quincy Jones Exceptional Advocacy Award“, за нејзините достигнувања како модел и за тоа што е вистинска инспирација за секого.