Почетна » Новости » Занимливости » Совршениот настап на „кралицата“ на мразот Ју-На Ким

Совршениот настап на „кралицата“ на мразот Ју-На Ким

Натпреварувачката од Јужна Кореа, Ју-На Ким, ја потврди улогата на фаворит и со блескав настап го освои златото во уметничко лизгање на Зимските олимписки игри 2010 во Ванкувер.

19-годишната тинејџерка, која што е нарекувана „Кралицата Јуна“, го освои највисокото место на подиумот со рекордни 228 поени, победувајќи ја со голема разлика нејзината најголема конкурентка, Јапонката Мао Асада. Иако стана единствената жена во историјата која што направила 3 тројни аксела во еден настап на Олимписките игри, на Осада ѝ недостигаа сигурноста и грациозноста што доминираа во настапот на Ким.

„Ова ми беше прв пат да плачам по настап. Не знам зошто, но бев пресреќна“ – изјавила Ким, која што веќе се вбројува во највисоко платените олимпијци, со заработка од 8 милиони долари во 2009г.

Настапот на Ју-На Ким за златен медал

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20830 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.