Почетна » Новости » Занимливости » Слеп маж не можел да го види нероденото бебе на ултразвук, пријателка му ја извезе снимката за тој да може да го замисли

Слеп маж не можел да го види нероденото бебе на ултразвук, пријателка му ја извезе снимката за тој да може да го замисли

Слеп иден татко првпат доби можност да си замисли како изгледа неговото неродено бебе на ултразвук благодарение на добриот гест на пријателка.

Нејтан Еџ, кој го изгубил видот на 6 години, првпат го „видел“ нероденото синче откако како подарок добил извезена снимка од ултразвук. Со помош на неговиот допир, туку успеал да си создаде слика во главата, а прекрасното искуство го сподели на Twitter. Неговата објава инстантно стана вирален хит.

„Колку е ова неверојатно. Денес го добив ова прекрасно изненадување... Тоа е извезена тактилна верзија од нашиот ултразвук во 12-тата недела од бременоста. Па, за првпат како слеп иден татко, можам преку допир да си создадам слика од снимката на нашето бебе. Не можам да ви опишам колку е ова неверојатно“ – напиша Нејтан.

Нејтан Еџ Нејтан Еџ

„Беше многу емотивно за мене, ми требаа неколку минути за да откријам што е. Возбудливо е што ќе станам татко, малку е страшно, но дефинитивно сум возбуден“ – рекол тој.

Деби Фишер дошла до идејата да ја извезе снимката од ултразвук откако забележала дека партнерката на Нејтан, Ема, е вознемирена што тој не може да го види нивното бебенце.

Нејтан Еџ

„Таа рече дека никогаш претходно немала везено, но дека би сакала да се обиде да ги извезе сите наши снимки од ултразвуците за Нејтан да може да ја искуси радоста да расте заедно со нашето момченце. Не ми се веруваше дека некој може да биде толку љубезен и грижлив да направи нешто толку специјално за Нејтан“ – рекла Ема, која целиот процес на изработката го чувала во тајност.

Нејтан Еџ

По 40 часа работа, Деби успеала да ја исполни својата мисија. Извезената снимка била изненадување за идниот татко.

„Кога започнав да везам, си помислив дека не може да биде многу тешко. Но, имаше многу везење и развезување“ – рекла таа.

Нејтан Еџ

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 22137 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.