Најупорните учесници на натпреварот во излежување во Црна Гора ги срушија сите рекорди.
Две жени и еден маж лежат веќе 47 дена или повеќе од 1.100 часа, борејќи се за награда од 1.000 евра. Ниту еден од нив не сака да се предаде, бидејќи како што велат тие сега е во прашање психолошка игра. Претходниот рекорд беше 117 часа.
Црна Гора е единствена земја во која се одржува ваков натпревар, а сè започна од митот дека Црногорците се мрзливи и многу лежат.
Лидија Марковиќ. Гордана Филиповиќ и Филип Кнежевиќ, сите од Црна Гора, се последните останати натпреварувачи од пријавените 21. Ниту еден од нив не очекувал натпреварат да трае толку долго.
Натпреварот започна на 18 август. На учесниците им е дозволено на секои 8 часа да прават пауза од 10 минути за да одат во тоалет.