Девојче со сини очи и преслатка насмевка нижи модни ангажмани и освојува на Instagram.
5-годишната Христина Драгаш од Подгорица чекореше на модните писти на Српската недела на модата и на Црногорската недела на модата, кои се одржаа во текот на летото. Благодарение на неодоливиот изглед, Христина соработува и со голем број брендови и дизајнери од Црна Гора.
Нејзините родители го отвориле профилот сосема случајно, но добиле море позитивни реакции од роднините и пријателите.