Почетна » Новости » Занимливости » Жена победи во натпреварот во излежување во Црна Гора: Лидија лежеше 50 дена за награда од 1.000 евра

Жена победи во натпреварот во излежување во Црна Гора: Лидија лежеше 50 дена за награда од 1.000 евра

Заврши натпреварот во излежување во селото Брезна во Црна Гора.

Црногорката Лидија Марковиќ е победник во натпреварот кој траеше 50 дена и ги сруши сите рекорди. Таа заедно со Гордана Филиповиќ и Филип Кнежевиќ беа последните останати натпреварувачи од пријавените 21. По откажувањето на Гордана, Лидија и Филип се договориле да го прекинат натпреварувањето, а Филип како вистински џентлмен, победата ѝ ја отстапил на својата конкурентка, која си заминала со премијата.

Тие на сите југословенски народи и на политичарите сакаат да им испратат порака дека со љубов и слога, сè се решава.

Лидија Марковиќ Лидија Марковиќ Лидија Марковиќ Лидија Марковиќ

23-годишната козметичарка пред неколку дена изјави дека сè се сведе на психолошка игра меѓу преостанатите тројца кандидати и на некаков личен инает. Бидејќи обожавала да се излежува, воопшто не ѝ било тешко да стигне до финалето.

Црна Гора Црна Гора Црна Гора

Натпреварот започна на 18 август, а на учесниците им било дозволено на секои 8 часа да прават пауза од 15 минути за да одат во тоалет, да се истушираат, да тренираат и сл.

Црна Гора е единствена земја во која се одржува ваков натпревар, а сè започна од митот дека Црногорците се мрзливи и многу лежат. Претходниот рекорд беше 117 часа.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20821 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.