Талентирани артисти од Битола создадоа впечатлив мурал на зградата „Шехерезада“ кој ќе ве одушеви.
„Lady Lynx“ е најголемиот мурал на момците од групата Hybrid Minds Crew, која постои веќе 2 години и стои зад многу графити и мурали во Градот на конзулите.
Колоритното дело ги симболизира убавите битолчанки, моликата и препознатливиот битолски рис, а е изработено од артистите Драган Милованов и Владимир Бошковски на површина од 100 м2.
Видео
Проектот со кој им се дава нов лик на заборавените објекти е поддржан од Општина Битола.