Обожавателите на ракометот во Битола покажаа дека имаат големи срца на вечерашното дерби на Еурофарм Пелистер и Вардар 1961. Поттикнати од битолскиот ракометен тим, навивачите направија дожд со хуманитарен карактер.
„Ова е Битола“ ечеше додека на полувремето на паркетот во салата „Боро Чурлевски“ долетуваа плишени играчки наменети за дечиња од ранливи категории.
„Со оваа порака сакаме да ги потенцираме вистинските вредности на животот, пренесени преку спортот“ – порачаа од Еурофарм Пелистер пред натпреварот.
Видео
Прекрасниот гест е инспириран од повеќе светски спортски екипи кои на ваков начин ги стимулираат добродушноста и дарежливоста, особено во претпразничниот период.