Артист создаде впечатлив мурал, кој ги одушеви библиофилите.
Талентираниот Холанѓанец на фасадата од зграда во Утрехт им ги наслика омилените книги на станарите и привлече многу комплименти. Неговата цел била преку книгите да ги спои луѓето од различните култури кои живеат во соседството.
„Влеговме во заедницата, прашувајќи ги луѓето кои се нивните омилени книги и успеавме да споиме 8 јазици и култури заедно во еден концепт. Секој, без разлика на возраста, културата или јазикот, беше добредојден. Единственото правило кое го поставив во овој проект беше да нема политички и религиозни книги“ – рекол уметникот, кој твори под името „Jan Is De Man“.
„Соседството каде што беше направено ова е полно со различни култури. Забележав дека овој проект ги спои луѓето без да им го наметнува тоа. Тие се зближија преку книгите, без оглед на нивните разлики...“ – додал тој.