Осумката на Надја Сулеман, позната како „Октомајка“, наполни 14-години.
47-годишната Американка го прослави роденденот на своите осум деца и сподели фотографии од прославата. Самохраната мајка ги одведе своите најмили на пица и картинг во Калифорнија, а позираше со нив во фотосесијата.
Надја се прослави во 2009 година откако ја роди првата осумка која преживеа, а веќе имаше шест деца дома. Осумте бебенца беа зачнати со инвитро.
Во интервју во 2018 година, таа откри дека немала намера да има толку многу деца. Всушност, докторот ѝ рекол дека во последната бременост носи близнаци, а тој во неа имплантирал 12 ембриони. Оттогаш, докторот ја загуби лиценцата за работа и се исели од САД.
Сите деца на Сулеман се родени по нејзиниот развод, а се зачнати со вонтелесно оплодување. Првото дете го родила на 21-годишна возраст, една родина по разделбата со бившиот сопруг.