Надја Сулеман, којашто се прослави во 2009 година кога роди осум бебиња зачнати со ин-витро, го достигна дното. За да може да ги плати големите сметки за издржување на своите 14 деца, таа неодамна сними соло порно филм, а сега стана и стриптизерка.
37-годишната Американка за 5.000 долари танцувала во стриптиз клуб во Флорида, облечена како провокативна ученичка и во црн доминатрикс костим.
400 гости го гледале шоуто на Надја, а некои и плаќале по 25 долари за да се фотографираат со неа и да купат маица за спомен од вечерта.
Контроверзната мајка пред три години беше остро критикувана и дури добиваше закани по живот бидејќи започна ин-витро процедура за забременување иако веќе беше невработена самохрана мајка на шест деца.
Досега таа ги издржуваше своите деца со парите добиени од интервјуа и емисии за нејзиниот живот, но неодамна банкротира и започна да презема поекстремни мерки.
Надја сите 14 деца ги има родено со ин-витро и благодарение на донор на сперма. Првпат се обидела да остане бремена со вештачко оплодување во 1997 година, кога имала само 21 година. Првото дете го родила во 2001 година, синот Елаја. Веќе наредната година ја родила и првата ќерка. Но, тоа не ја запрело.
Последната нејзина бременост ја разбранува светската јавност. Медицинската истрага откри дека докторот на Сулеман употребил 12 ембриони, што е далеку над препорачаното и поради тоа минатата година му беше одземена дозволата за работа.
Откако во јануари 2009 година роди осум деца, Сулеман се најде сред бура од незадоволство на американската јавност.
Денес таа не крие дека има големи финансиски проблеми и дека поради тоа снимила и порно филм.
Најголем дел од луѓето кои го следат нејзиниот живот се згрозени од ваквите постапки и сметаат дека таа е навистина лош пример за нејзините 14 деца.