Постои ресторан во Јапонија во кој нема да се налутите дури и ако ви донесат сосем поразлична порција од нарачаната.
„Ресторанот на згрешени нарачки“ од Токио вработува лица со деменција кои иако ги забораваат нарачките, мамат слатки насмевки кај сите посетители.
Од угостителскиот објект велат дека 37% од порачките се погрешно доставени, но дека 99% од нивните гости си заминуваат среќни и задоволни.
Сопственикот и основач Широ Огуни вели дека ресторанот го отворил со цел да ја подигнува свеста и емпатијата кај луѓето и да покаже дека лицата со деменција се сè уште способни за работа.
Ова им помага и на вработените да се чувствуваат корисно и продуктивно, да се социјализираат и да комуницираат за полесно ќе ја пребродат осаменоста и депресијата, која може да доведе до влошување на состојбата.