Почетна » Новости » Занимливости » ВИДЕО: Жена со Алцхајмер се радува секојпат кога ќерка ѝ ќе ѝ каже дека е бремена

ВИДЕО: Жена со Алцхајмер се радува секојпат кога ќерка ѝ ќе ѝ каже дека е бремена

Жена, која поради Алцхајмерова болест заборава дека ќе стане баба, блеска од среќа секојпат кога ќерка ѝ ќе ѝ каже дека е бремена.

Компилацијата од нејзините радосни реакции стана хит на интернет и стопли илјадници срца низ светот. Во коментарите, некои корисници го споделија своето искуство со оваа болест, а други упатија комплименти до ќерката Кристин поради нејзиното трпение.

„Таа можеби нема да се сеќава, бидејќи има Алцхајмер, но секојпат кога ќе дознае дека ќе стане баба, слави за добрите вести“ – пишува Кристин.

„Сум ја споделила веста со неа безброј пати, премногу. Тажно е, но ми се топли срцето секогаш кога ќе ја видам реакцијата на мајка ми. Со нетрпение чекам таа да ја запознае нашата ќерка која ќе се роди во октомври, очигледно“ – рекла Кристин.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19749 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.