За мајките нема потешка глетка од онаа кога детето е болно. Сепак, кога тоа ќе се случи, тие секогаш успеваат да останат присебни, смирени и силни пред своите најмили, дури и во моменти кога срцето им се кине од болка.
Нова реклама, создадена по повод Денот на мајката, ја прикажува секојдневната реалност на мајките на тешко болни деца. Иако насамо тие плачат и врескаат од гнев, пред да се појават пред своите деца овие „лавици“ успеваат да ги избришат солзите и да се насмеат.
„Овој Ден на мајката помогнете ѝ на мајка на болно дете да остане силна“ – пишува на крајот на видеото.
Рекламата е создадена од „SickKids Foundation“, непрофитна организација која собира средства за истражувања и грижа за детското здравје.
„Зад секое дете кое е во болница и го пропушта своето детство стои силна мајка“ – пишува на сајтот на организацијата.