Ако некогаш сте помислиле дека сте единствената мајка чии очекувања од мајчинството сосема се разликуваат од реалноста, рекламата на „Van Houten Cocoa“ ќе ве убеди во спротивното.
Во видеото, мајки кои работат раскажуваат како изгледа нивното секојдневие – од постојано планирање на времето и брзање, до испади на нервоза и викање. Потоа тие се замолени да објаснат како изгледа идеалната мајка во нивните замисли. Секоја од интервјуираните жени се критикува себеси дека не е доволно добра мајка.
„Сакам да ја задржам насмевката на лицето, но најверојатно не се справувам најдобро. Постојано се прашувам дали се справувам добро со улогата на мајка“, „Би било добро да можам да се смеам повеќе, но постојано викам“, „Немам време за моето дете поради обврските. Толку многу ми е жал за тоа“, „Не сум сигурна дали сум добар пример за моето дете“ – велат мајките.
Откако мајките ќе завршат со критиките кон себе, ред е децата да кажат што мислат за своите мајки. Нивните одговори се тотално различни, затоа што во нивните очи жените кои ги израснале се совршени.
„Детската среќа е создадена од насмевката на мајката“ – ова е пораката на крајот од видеото, кое за само една недела има 2 милиони прегледувања на YouTube.