Почетна » Новости » Занимливости » Рагби легенда го возеше, па на раце го носеше преку целната линија својот колега кој е во инвалидска количка

Рагби легенда го возеше, па на раце го носеше преку целната линија својот колега кој е во инвалидска количка

Рагби легенда ја покажува моќта на пријателството.

Кевин Синфилд истрча маратон туркајќи го својот најдобар другар Роб Бароу во специјална количка, а потоа во раце го носеше преку целната линија. На крајот, му подари бакнеж.

Фотографии и видеа од маратонот го обиколија светот, бидејќи се доказ како навистина изгледа пријателството и дека тоа е посилно од секоја болест. Кевин Синфилд Кевин Синфилд Кевин Синфилд Кевин Синфилд Кевин Синфилд

Видео

До пред неколку години, Кевин и Роб беа професионални играчи за ист англиски рагби тим. За жал, во декември 2019 година на Роб му била дијагностицирана болест на моторниот неврон, невродегенеративно заболување со смртен исход. Најголем дел од заболените умираат во период од три години по детектирањето на симптомите.

Кевин Синфилд

На крајот од 2020 година, Кевин започнал да трча во негова чест и за да собере средства за сите засегнати од болеста. Тој досега има собрано повеќе од 8 милиони фунти за добротворни цели, трчајќи маратони, вклучително и предизвикот да истрча седум маратони во седум дена, а потоа и седум ултрамаратони во седум дена.

„Многу ми е важно да соберам средства, но ова исто така е прославување на пријателството“ – рекол тој.

Маратонот беше организиран во чест на Роб од неговата сопруга Линдзи и на него учествуваа повеќе од 12.000 лица. Првичната цел била да се соберат 7.777 фунти, кои го симболизираат бројот кој Роб го носеше кога играше рагби. Линзи била пријатно изненадена кога биле собрани 53.000 фунти.

Кевин Синфилд Кевин Синфилд Кевин Синфилд Кевин Синфилд Кевин Синфилд Кевин Синфилд

Видео

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20844 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.