Мајка истрча маратон туркајќи ги своите три деца во количка и сруши Гинисов рекорд.
Синтија Арнолд ја истрча патеката за 3 часа и 11 минути заедно со својата 6-годишна ќерка Маргарет, 3-годишниот син Сајмон и 21-месечната Аша. Тежината која ја туркаше
Арнолд вели дека најголемиот предизвик бил да се занимаваат децата за тие да издржат во количката со часови и дека најголемата ќерка била задолжена за игрите по патот. На едно од видеата на Синтија се гледа како човек ѝ подава сладолед за трите деца, а Маргарет ѝ помага на малата сестричка да го изеде.
Минатата година, Синтија го сруши рекордот за најбрз полумаратонец кој турка количка за 3 лица, но оваа година одлучи да ја дуплира патеката и да истрча цел маратон. Таа вели дека тоа воопшто не било лесно, бидејќи оваа година децата биле многу потешки од лани.
„Децата се една година потешки, а јас го чувствував тоа. Количката беше многу тешка“ – објаснила упорната мајка.
Маратонот бил многу специјален за Синтија, бидејќи набрзо нејзината ќерка ќе наполни 7 години и повеќе нема да се вози во количка.
„Ова е многу специјално, бидејќи таа го помина животот во количката. Тоа е едно од нештата кои со текот на времето мора да престанеш да ги правиш. Се разбира дека сакам таа да порасне, па тоа е слатко-горчливо“ – вели таа.
Видео
Синтија има аплицирано за впишување на новиот рекорд во Гинис и во моментов чека потврда.