Хивон Нгетик ги освои срцата на сите оние кои знаат како е да се бориш со сите сили за да стигнеш до посакуваната цел.
29-годишната атлетичарка од Кенија се натпреварувала на маратонот во Остин, Тексас и била многу блиску до победа. На неколку километри пред целта, таа ги предводела женските натпреварувачи, но нејзиното тело започнало да откажува. Кога целта веќе била пред нејзините очи, таа паднала на земја. Медицински лица веднаш дотрчале да ѝ помогнат и да ја стават во количка, но таа не се откажала.
Одбивајќи ја помошта, Хивон ги поминала последните 50 метри лазејќи. Во еден момент застанала да земе здив и сите помислеле дека ќе се откаже, но со последните сили продолжила и ја завршила трката. Решителната атлетичарка го освои третото место.
Незапирливата Хивон изјавила дека не се сеќава како ја завршила исцрпувачката трка. „Не се сеќавам на последните два километра“ – рекла таа и дополнила дека гласот на еден од волонтерите ја бодрел и ѝ давал сила.
„Ти заработи голема почит и јас ќе ја променам твојата парична награда, за да ја добиеш истата парична сума која ќе ја добиеше ако освоеше второ место“ – ѝ рекол на Хивон директорот на маратонот Џон Конли.
„Тоа што го видовме е шампион. Најсилната личност на планетата“ – рекол Конли.
Победниците на маратонот во Остин се квалификуваат за популарниот маратон во Бостон.