Почетна » Новости » Занимливости » Годините се само бројка: Влада Стевановиќ од Србија и на 89 години трча полумаратони

Годините се само бројка: Влада Стевановиќ од Србија и на 89 години трча полумаратони

Дедо Влада Стевановиќ е вистинска инспирација и за помладата и за постарата генерација.

89-годишниот Србин оваа година го истрча Белградскиот полумаратон, докажувајќи дека годините се само обична бројка. Стевановиќ бил учесник на стотици маратони, полумаратони и трки низ Србија.

Влада Стевановиќ Влада Стевановиќ

Неуморниот маратонец започнал да се занимава со трчање на 55-годишна возраст, во 1989 година, и нема намера да се откаже. Иако има пејсмејкер и спондилоза, Влада ги поместува границите во спортскиот свет и докажува дека ако се сака, сè се може.

Влада Стевановиќ

„Имав 55 години кога беше вториот Белградски маратон и на ТВ видов натпреварувачка од 76 години. Репортерот ја праша дали ќе може да истрча, а таа му рече: ‘Јас ќе истрчам 5 километри, па дури и да ме носат’. Си помислив: ‘Кога може таа, можам и јас’. Зедов патики и отидов да ја истрчам Трката на задоволството. Претходно никогаш не сум се занимавал со никаков спорт. Истрчав и ми се допадна, па еве, поминаа веќе 30 години“ – рекол Влада, кој на сите им препорачува да се занимаваат со физичка активност.

Влада Стевановиќ

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20853 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.