Почетна » Новости » Занимливости » Приказна за букет за Св. Валентин докажува дека љубовта е вечна

Приказна за букет за Св. Валентин докажува дека љубовта е вечна

Без разлика дали го славите или презирате Св. Валентин, приказната за специјален букет испратен на празникот на вљубените ќе ве разнежни.

„Јас и мојот мил сопруг Џон бевме во брак 46 години. На секој Св. Валентин тој ми испраќаше најубави цвеќиња со порака од пет едноставни збора: Мојата љубов кон тебе расте. Четири деца, 46 букети и еден животен век полн со љубов беа неговото наследство за мене кога почина пред две години.“

„На мојот прв Св. Валентин без него, 10 месеци откако го изгубив, се шокирав кога добив прекрасен букет адресиран до мене... од Џон. Налутена и скршена од тага се јавив кај цвеќарот за да им кажам дека направиле грешка. Цвеќарот ми врати: Не госпоѓо, не е грешка. Пред да почине, вашиот сопруг претплати за многу години однапред и побара од нас да му гарантираме дека ќе продолжите да добивате букети за секој Св. Валентин. Срцето ми застана во грлото, го спуштив телефонот и ја прочитав картичката. Таа велеше: Мојата љубов за тебе е вечна.“

Пораката на Сју

Не е јасно во кое списание е објавена пораката на 68-годишната Сју Џонстон, но сигурно е дека никого не оставила рамнодушен.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 21942 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.