Шест купувачи и дваесет и пет работници преноќија во продавница на IKEA во Данска откако заглавија во неа поради снежна бура.
Околу 30 сантиметри снежна покривка ги спречи потрошувачите и вработените да си одат дома, па персоналот организираше спонтан ноќен престој во продавницата. Тие имале забава со играње карти, пиење пиво и гледање фудбал. Вработените дури им дале можност на купувачите сами да си изберат во која соба сакаат да преспијат и им пееле приспивни песни.
Видео
„Дали отсекогаш не сте сонувале да ја имате IKEA само за себе? Мислам дека е кул. Прекрасно е што нè примија и нè стоплија“ – се пошегува една жена.
„Сите беа многу слатки и многу се смеевме со ситуацијата, бидејќи најверојатно никогаш повторно нема да ја искусиме“ – рекол друг купувач.
„Најважното нешто беше да се грижиме едни за други и сите да се чувствуваат безбедно“ – рекол директорот на продавницата.