Предградието на Копенхаген, Нерум, крие едно од најубавите и најуникатните места на планетата – Овалните градини.
Сметани за едно од најважните креации на данскиот експерт за пејзажна архитектура Карл Теодор Соренсен, овие невообичаени парцели се создадени во 1948 година, а ден-денес привлекуваат огромно внимание. Градините се поставени на тревник, а се одделени со жива ограда која редовно се одржува за да се зачува нивниот необичен изглед. Уникатната населба изгледа неверојатно од птичја перспектива, но уште поспектакуларно е да се истражува од земја.
Меѓу одделните парцели нема патишта и многумина можеби ќе помислат дека станува збор за некаков пропуст, меѓутоа целта на архитектот била да ги поттикне сопствениците повеќе да пешачат, да дишат свеж воздух и да се социјализираат со соседите пред да влезат во нивните возила. Пешачењето помеѓу градините навистина соодветствува со целта.