Некои фотографии зборуваат многу...
УНИЦЕФ сподели фотографија од 5-годишно момче кое го прегрнува телевизорот кога ќе ја здогледа својата учителка како држи час на ТВ.
„Ова е најголемата награда во нашата професија“ – напиша учителката Снежана Гуцуљ.
„Програмите за учење дома кои се подготвија за кратко време им овозможуваат на децата да најдат 'спас во учењето' и чувство на нормалност за време на пандемијата од КОВИД-19“ – пишуваат од УНИЦЕФ.