Галеријата „Виктор Емануел II“ во Милано и годинава е разубавена со прекрасната елка на Сваровски.
На големото дрво високо 12 метри светкаат 10.000 сијалички и блескаат 2.000 кристални украси, а од Сваровски истакнуваат дека пренесува порака за надеж за подобра и посветла иднина.
Оваа година брендот одбележува 125 години постоење.