Почетна » Новости » Занимливости » Празнично изненадување за Македонка во САД: Ја израдуваа со бакшиш од 2.200 долари во ресторан

Празнично изненадување за Македонка во САД: Ја израдуваа со бакшиш од 2.200 долари во ресторан

Непосредно пред Божиќ, Македонка која живее и работи во САД доби прекрасно празнично изненадување.

Спасија Мушевска, која потекнува од Ниже Поле, Битола, не можеше да си ја сокрие возбудата која нејзини муштерии ѝ дадоа 2.200 долари како бакшиш.

„Рацете ми се тресеа, за малку ќе го истурев кафето“ – рече таа за Femina.mk.

Убавиот гест е дело на Филип Пизингрили, кој успеал да ги собере парите за да израдува една личност пред Божиќ.

„Денес беше големиот ден. Отидовме со Дедо Мраз во ресторан во Вебстер и ѝ дадовме бакшиш од 2.200 долари на нашата келнерка. Таа остана без зборови и се тресеше. Моментот беше прекрасен. Пред да се случи тоа, луѓето меѓусебно си ги плаќаа оброците и им даваа пари на другите. Сè на сè, прекрасни моменти“ – напиша тој.

Филип го споделил видеото со надеж дека ќе поттикне и други лица да го направат истото.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20802 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.