Видео за болно девојче кое се сретнува со „Дедо Мраз“ во болничкиот ходник ќе ви го стопли срцето.
Малата Еми е принудена да ги помине празниците во болница, но нејзиното срце ќе се исполни со радост и надеж откако ќе сретне болничар, кој таа верува дека е Дедо Мраз. Болничарот ѝ вели да ги затвори очите и со еден потег го трансформира болничкиот ходник во вистинско празнично волшепство за малите пациенти.
На крајот од видеото, болничарот наоѓа порака во која пишува: „Ви благодариме што сте таму за нашата ќерка“.
Рекламата е дело на Teleflora, компанија за нарачки и достава на цвеќиња. Оваа година Teleflora соработуваше со непрофитната организација Make-A-Wish, која им помага на критично болни деца да си ги исполнат желбите.
Секој може да придонесе во движењето на социјалните мрежи #WishOutLoud, преку лајкување и споделување на нивната објава.