„John Lewis“ секоја година нè разнежува и расположува со божиќните реклами. Годинава, британската компанија нè потсетува на моќта на малите добри дела и нè поттикнува да подаруваме љубов.
„Подарувајте љубов, заедно можеме да направиме голема промена“ – е пораката на крајот од празничното видео.
„Веруваме дека светот може да биде подобро место ако сите ние подаруваме малку љубов. Затоа, оваа година ние ја славиме добрината, без разлика дали е мала или голема, покажуваме како секое добро дело има позитивно влијание врз светот околу нас и дека сите ние си го пренесуваме еден на друг“ – пишуваат од компанијата.
Тие истакнуваат дека целат да соберат 4 милиони фунти кои ќе ги донират на локалните хуманитарни организации, со цел да им се помогне на сиромашни семејства кои немаат доволно средства за да си обезбедат храна и удобен живот.