Почетна » Новости » Занимливости » Божиќната реклама на „John Lewis“ ќе ве насмее и ќе ве потсети на магијата на подароците

Божиќната реклама на „John Lewis“ ќе ве насмее и ќе ве потсети на магијата на подароците

Божиќната реклама на „John Lewis“ конечно пристигна. Но, британската компанија оваа година нема да ви ги насолзи очите, туку ќе ви измами широка насмевка на лицето.

Во видеото е прикажано мало девојче, кое родителите го изненадуваат со божиќен подарок – трамболина. Сепак, девојчето не е прво кое ќе го „отвори“ својот подарок. Погледнете:

„Подароци кои сите ќе ги сакаат“ – стои на крајот на видеото.

4-годишното куче Биф ја игра улогата на семејниот миленик Бастер во рекламата. Откако пред неколку дена беше објавен тизер за рекламата, кучето стана вистински хит на Twitter.

Песната во видеото „#BusterTheBoxer“ е „One Day I'll Fly Away“.

Од компанијата велат дека со рекламата сакале да ги расположат Британците, бидејќи изминатата година била тешка за нив.

„2016 година сигурно беше тешка година, па се надеваме дека нашата реклама ќе им измами насмевки на луѓето. Таа навистина содржи смисла за забава и магија, потсетувајќи ги сите какво е чувството да го подарите совршениот подарок за Божиќ. Се надеваме дека овогодишната кампања ќе охрабри повеќе деца да пронајдат љубов за дивата природа во Британија“ – велат од компанијата и додаваат дека дел од парите од продажбата на меките играчки со животните вклучени во рекламата ќе бидат донирани за организацијата „The Wildlife Trusts“.

Овогодишната кампања на компанијата чини 7 милиони фунти.

Потсетете се на рекламата на „John Lewis“ од минатата година:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20947 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.