Секоја година John Lewis создава незаборавни божиќни реклами кои или ни ги насолзуваат очите или нè тераат да се смееме наглас.
Оваа година, британската компанија одлучи да ја раскаже животната приказна на Елтон Џон и за неговиот успех во музичката кариера. Во видеото, додека 71-годишниот пејач свири на пијано, се менуваат кадри кои покажуваат моменти од неговиот живот наназад сè до неговото детство.
Рекламата завршува со кадар во кој 4-годишниот Елтон одвиткува подарок за Божиќ. Тоа е неговото прво пијано.
„Некои подароци се повеќе од подароци“ – пишуваат од компанијата.
Видео
Некои од највпечатливите реклами на John Lewis низ годините наназад се: „Снежната топка“, „Боксерот Бастер“, „Човекот на месечината“ и „Мечката и зајакот“.