Почетна » Новости » Занимливости » Повеќе од 25 детски филмови достапни online преку Cinesquare!

Повеќе од 25 детски филмови достапни online преку Cinesquare!

Платформата Cinesquare продолжува да ги носи најдобрите европски детски филмови до младата публика! Повеќе од 25 внимателно селектирани филмови за деца од 6 до 12 години сега се достапни за гледање во земјава преку каталогот Kidsquare – и тоа по промотивна цена од само 1 евро!

Каталогот опфаќа врвни европски детски филмови, меѓу кои:„Кариран нинџа“, „Смрдушковци“, „Луси гангстерката“, „Младиот Винету и изгубените биволи“, „Летни бунтовници“, „Вау – порака од вселената“, „Викторија мора да замине“, „Дури и глувците одат во рајот“ и многу други.

Cinesquare

Kidsquare ја збогатува филмската понуда со елементи на гејмификација, овозможувајќи на децата интерактивно искуство преку игри и квизови поврзани со филмовите, при што корисниците собираат поени кои можат да ги искористат за дополнителна забава.

„Нашата цел е да ја доближиме висококвалитетната европска детска содржина до поширока публика, на достапен и иновативен начин. Со Kidsquare, создаваме уникатно искуство кое комбинира филм, едукација и забава, а цената од само 1 евро овозможува што повеќе деца да уживаат во овие креативни содржини“ – велат од Катавеј.

Филмовите од Kidsquare се достапни преку платформата Cinesquare.net, како дел од проектот координиран од Катавеј во партнерство со Nowe Horyzonty (Полска) и Nexo Digital (Италија), кофинансиран од програмата Креативна Европа – МЕДИА.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 24870 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.