Пипа Мидлтон и Џејмс Метјус ќе станат родители на уште едно дете.
37-годишната сестра на војвотката Кетрин е повторно бремена. Веста ја објави списанието Page Six.
„Пипа и Џејмс се пресреќни, тоа се фантастични вести во една тешка година. Целото семејство се радува“ – рекол извор близок до парот.
Пипа и Џејмс му посакаа добредојде на овој свет на синчето Артур во октомври 2018 година. Тие стапија во брак во 2017 година.