Почетна » Новости » Занимливости » Перница со која ќе учите додека спиете

Перница со која ќе учите додека спиете

Сигурно како дете сте мечтаеле книгата ставена под перница да ви помогне утрото да знаете сè. Сега научниците се обидуваат тој детски сон да го направат реалност.

Перница со звучникСтудентите можат да учат додека се одмараат - тврдат научниците.

Истражувачи во Чикаго откриле дека слушањето на одредени звуци во текот на спиењето може да ја зголеми способноста за помнење. Раководејќи се од тие сознанија, инвенторите создале перница со вграден звучник за да ги преточат во пракса резултатите од истражувањето.

Новата перница „Sound Asleep“ кошта 20 фунти и веќе станала хит меѓу помрзеливите студенти. Вградениот звучник може да се поврзи со MP3 или CD плеер и студентите ќе имаат можност во сонот да ги слушаат претходно снимените лекции.

Истражувачите тврдат дека наутро студентите ќе помнат барем дел од лекциите. Директорот на компанијата Sound Asleep изјавил :„Студентите можат да учат додека се одмараат.“

Иако многу научници веруваат дека е возможно учењето во сон, сепак противниците на оваа теорија сметаат дека слушањето на звуци во текот на спиењето го спречува длабокиот сон кој му е потребен на мозокот за да може да ја складира информацијата поефективно.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19765 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.