Почетна » Новости » Истражувања » 7 часа сон за подолг живот

7 часа сон за подолг живот

Нема ништо подобро од квалитетен сон за да ги одморите вашето тело и ум. Поради многуте позитивни ефекти кои ги има врз здравјето, па и врз изгледот, спиењето често е во фокусот на истражувањата на научниците.

Пар што спиеУмереното спиење го продолжува животот.

Научници од Неапол анализирале 16 големи истражувања со вкупно учество на 1,3 милиони луѓе, за да дојдат до заклучокот дека луѓето кои спијат под 6 часа дневно умираат помлади. Тие откриле дека оние кои спијат помалку од 6 часа имаат за 12% поголем ризик да умрат пред да наполнат 65 години, во споредба со оние кои спијат 6-8 часа.

Сепак, истражувачите предупредуваат дека и предолгото спиење не е здраво, но не затоа што се сврзува со предвремена смрт, туку затоа што може да е симптом за некоја сериозна болест како депресија.

Затоа се смета дека e најдобро возрасните секојдневно да издвојуваат по 7 часа за добар и квалитетен сон.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20788 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.