Почетна » Новости » Занимливости » Пар ја откажал планираната голема свадба за да донира за сириски бегалци

Пар ја откажал планираната голема свадба за да донира за сириски бегалци

Хуман пар се откажа од голема свадбена прослава за да им даде на сириски бегалци шанса за нов подобар живот.

Додека Саманта Џексон и Фарзин Јусефијан ја планирале својата свадба, во медиумите се појавија фотографии од мртвото тело на 3-годишниот Ајлан Курди, кој го загуби животот во обид да избега со родителите од својата татковина Сирија.

Откако ја слушнале приказната за Ајлан, Саманта и Фарзин не можеле да седат со скрстени раце. Тие ја откажале својата свадба и одлучиле сите средства од неа да ги донираат за да им помогнат на бегалци.

Саманта Џексон и Фарзин Јусефијан

„Сфативме дека сите пари кои требаше да ги вложиме во нашата свадба би биле подобро искористени кога би му ја дале втората шанса која ја заслужува на семејство бегалци од Сирија“ – рекла Саманта.

Младенците им се јавиле на гостите кои требало да присуствуваат на свадбата и им рекле да ги донираат парите кои планирале да ги потрошат за подарок. „Веднаш им се јавивме на нашите семејства и тие беа екстатични. Не можеме да бидеме пасивни набљудувачи на оваа криза“ – рекол Фарзин.

Три недели откако ја откажале свадбата, Саманта и Фарзин стапиле во брак на мала прослава во кафуле, собир кој бил за добротворни цели. Парот досега има собрано 22.000 долари.

Саманта Џексон и Фарзин Јусефијан Саманта Џексон и Фарзин Јусефијан

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20910 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.