Почетна » Новости » Занимливости » „Ова е благослов“: Партнери родени на ист датум добија близнаци на роденденот

„Ова е благослов“: Партнери родени на ист датум добија близнаци на роденденот

Пар го доби најубавиот роденденски подарок.

Скиера Блер и нејзиниот верник Хосе Ирвин, кои се родени на истиот датум, добија близнаци на роденденот. Среќните партнери им посакале добредојде на овој свет на бебињата кратко по полноќ.

„Тие се мојот роденденски подарок. Ги бакнувам можеби 30 илјади пати на ден“ – рекол таткото.

Скиера Блер и Хосе Ирвин Скиера Блер и Хосе Ирвин

Скиера и Хосе започнале да се состануваат кратко време по нивниот роденден во 2022 година и биле изненадени кога дознале дека и двајцата се родени на 18 август. Веднаш започнале да си прават планови како ќе го прослават нивниот прв заеднички роденден, без воопшто да се посомневаат дека тоа ќе биде во болница покрај нивните малечки бебиња.

Како што се наближувал терминот за породување, 28 август, Хосе посакувал да стане татко на роденденот за целото семејство да прославува заедо. Неговата желба се исполнила кога на 17 август, за време на прегледот кај гинекологот, тие добиле вести дека мора да одат веднаш во болница за царски рез, бидејќи едното бебе било во карлична позиција и докторот не сакал да ризикува.

Во болницата во Охајо, Хосе побарал од Скиера да издржи уште малку за бебињата да се родат следниот ден.

„Таа беше во добра здравствена состојба и не беше под стрес, а и децата беа во добро здравје и не беа под стрес, па си помислив: ‘Зошто да не?’“.

„Ова е благослов. Најдобриот роденденски подарок досега“ – рекол таткото.

Скиера Блер и Хосе Ирвин Скиера Блер и Хосе Ирвин Скиера Блер и Хосе Ирвин

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20831 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.