Нема жена која не би ѝ се израдувала на веста дека со јадењето чоколадо може да се слабее. Тоа сигурно го знае и шпанската компанија Covcoa BIO, која реши да ја исполни таа тајна желба на жените.
Новото чоколадо наречено Lola Chocs е 100% природно чоколадо и има вкус како обичното чоколадо. Основната разлика помеѓу ова магично чоколадо и обичното е тоа што Lola Chocs содржи состојки кои го потискаат гладот.
Чудотворното чоколадо има во својот состав и микроскопска алга, која содржи витамини како А и Б12, а со тоа помага во намалувањето на телесната тежина.
Создателите на Lola Chocs тврдат дека специјални амино киселини од ова чоколадо го мамат мозокот да верува дека сте најадени и тоа ви помага да не претерувате со порциите.
За да слабеете уживајќи во вкусот на чоколадото, сè што треба да направите е да консумирате од магичното чоколадо еден час пред секој оброк.
Конечно можете да каснете чоколадо, без да имате грижа на совеста.