Малата принцеза Шарлот денес го прославува својот четврти роденден. За овој специјален ден, британското кралско семејство објави официјални портрети од слаткото девојче.
Трите фотографии биле направени од војвотката Кетрин минатиот месец во Кенсингтонската палата и нивниот семеен дом во Норфолк.



Шарлот е единствена ќерка на принцот Вилијам и војвотката Кетрин, кои се родители и на петгодишниот принц Џорџ и едногодишниот принц Луи.
