Сенди Форд создава прекрасни фотографии од заспани новороденчиња кои имаат моќ да згреат сечие срце. Талентираната фотографка со своите дела ја доловува невиноста и милоста на бебиња кои тукушто дошле на овој свет.
„Бебињата се толку невини и убави, а децата се полни со радост и живост, тоа целам да го доловам“ – вели Сенди која е мајка на три деца и препорачува фотосесиите да се прават пред бебињата да наполнат еден месец.
36-годишната Британка објави албум со слатки фотографии од неодамнешни фотосесии по повод доаѓањето на пролетта и наближувањето на Денот на мајката.