Почетна » Новости » Занимливости » Некои линии нè разделуваат, но некои нè зближуваат

Некои линии нè разделуваат, но некои нè зближуваат

Ова е приказна за еден храбар човек во Босна и Херцеговина, кој ги научи децата да останат заедно во време кога борбените линии на војната сакаа да ги раздвојат. Неговата идеја беше чиста и едноставна: да ги држи помеѓу линиите на фудбалскиот терен.

Во најмрачните времиња на Босанската војна во 1993 година поранешниот фудбалер Предраг Пашиќ отвори фудбалско училиште во опустошеното од конфликт Сараево.

Предраг - кој ја претставуваше Југославија на Светското првенство на ФИФА во 1982 година - имаше можност да ја напушти земјата кога изби војната, но реши да остане и да направи колку што може за да помогне. Неговата идеја беше да им даде на децата мирно место каде што ќе можат да играат фудбал, да бидат заедно и да ја заборават војната. Фудбалското училиште го нарече „Бубамара“.

Помеѓу сите борбени линии што ги делеа и ги раздвојуваа заедниците во текот на оваа ужасна војна, единствените линии во „Бубамара“ беа оние на фудбалското игралиште.

Училиштето цутеше и, под раководство на Предраг, изнедри нова златна генерација играчи. Неверојатно, но дури 40 од неговите фудбалери станаа професионалци, а еден ја оствари највисоката цел - да ја претставува Босна и Херцеговина на нејзиниот деби-настап на Светското првенство на ФИФА во 2014 во Бразил.

Coca-Cola

Трофејска турнеја на Светското првенство на ФИФА

Оваа неверојатна приказна за надежта што ја надминува несреќата и за фудбалот што ги урива бариерите на војната е раскажана во новиот трогателен филм направен од Coca-Cola како дел од новата серија по повод Светското првенство на ФИФА во оваа, 2014 година. Секоја приказна, од различни краеви на светот, го покажува фудбалот како една од најсеопфатните и најобединувачки сили во светот.

Режијата е на босанскиот филмски режисер Данис Тановиќ, кој доби Оскар за филмот „Ничија земја“.

Данис го придодаде своето интересно гледиште за војната, бидејќи тој веќе работел на оваа тема во својот филм „Ничија земја“.

Чувствителноста и неутралниот поглед на Данис се клучни за овој филм, особено кога војната претставува дел од приказната, бидејќи тој лично ја преживеал, а потоа му ја изложил својата визија на светот, освојувајќи многу награди низ целиот свет.

Филмот претставува прва соработка на Предраг со еден бренд на ваков начин. Според Coca-Cola, тој се вљубил во сценариото и му се допаднал начинот на кој било планирано да се раскаже приказната. Можеше да види дека Данис Тановиќ е експерт за сензитивно говорење за овој најтежок период во историјата на Босна.

Постоеја уште два фактора што му додадоа магичен елемент на веќе извонредниот микс: првата квалификација на босанскиот национален тим на Светското првенство на ФИФА 2014 и, како резултат на тоа, првата посета на легендарниот златен трофеј на земјата како дел од глобалната Трофејска турнеја на Светското првенство на ФИФА со Coca-Cola.

Кога Босна и Херцеговина се квалификуваше - предизвикувајќи диви прослави низ целата земја - Coca-Cola побара од ФИФА да се вклучи уште една станица во земјата во рамките на европскиот дел на оваа Трофејска турнеја. Барањето беше одобрено и трофејот помина два волшебни дена во земјата во март.

Coca-Cola

Тајмингот е клучен

Реагирајќи брзо, тимот на Coca-Cola почна да го снима филмот со Предраг, темпирајќи го распоредот така што самиот трофеј да може да биде внесен во приказната. Имајќи го трофејот на располагање само за една ноќ, Предраг ги собра младите играчи од своето училиште „Бубамара“ и им го приреди најголемото изненадување во животот - да го видат одблизу со свои очи трофејот на Светското првенство на ФИФА, и тоа пред кој било друг во земјата (добро де, само по Претседателот).

Од Coca-Cola објаснуваат: „Предраг им објасни на децата дека кога тој почнал да игра фудбал и бил како нив, овој трофеј бил неговиот сон, а тоа го терало да се буди секој ден со енергија и решителност да постигне повеќе. Но тој исто така знаел дека за да може да го крене трофејот, ќе биде потребно да се игра заедно како тим.“

Тајмингот беше клучен, па целиот филм беше снимен само за три дена во почетокот на март, а сè зависеше од доаѓањето на Трофејот на ФИФА во Сараево испланирано во последен миг.

Резултатот е убав, емотивен и весел триминутен филм за „Бубамара“, за нејзиниот основач и за играчите, но, најважно, филмот е за моќта на фудбалот, за Светското првенство на ФИФА и способноста на Coca-Cola да ги зближи луѓето.

Филмот беше претставен за првпат во Сараево на 30 мај, а потоа почна да се прикажува на телевизија на 31 мај и ѝ ја пренесе својата порака за надеж и заедништво на глобалната публика на интернет.

Coca-Cola

Чувствително третирање

Како што заклучуваат од Coca-Cola: „Ова е приказна за фудбалот којшто успеа да надмине една неверојатна несреќа. Беше чест да се работи на него и мислам дека создадовме нешто многу убаво. Луѓето сè уште се многу чувствителни на војната, па чувствителноста и неутралниот поглед на режисерот Данис се клучни за филмот, особено кога војната е дел од приказната. Тој самиот ја преживеал и има добиено многу награди низ целиот свет за својата работа.“

„Со ова чувствително третирање и, исто така, со користењето на бранот емоции што следуваа по квалификацијата на Босанскиот тим на Светското првенство, мислам дека ја погодивме вистинската нота.“

„Мислам дека сите во Босна го знаат Предраг и тој е драг пријател, многу храбар и отворен човек. Преку фудбалот тој ги учи и своите ученици и сите нас да останеме обединети.“

Чувството зад филмот најдобро го сумира Дејан Бандовиќ, поранешен ученик во „Бубамара“, а сега професионален фудбалер:

„Сега кога размислувам за тоа, Предраг можеше да замине од војната кога сака. Но тој сакаше да остане и да подучува како се игра фудбал и да го заборави она што нè опкружуваше.“

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20819 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.