Почетна » Новости » Занимливости » #KажиСоПесна – иновативна кампања на Coca-Cola

#KажиСоПесна – иновативна кампања на Coca-Cola

Во средината на јули Coca-Cola во Македонија ја лансира својата иновативна кампања под мотото #KажиСоПесна, со која најомилениот безалкохолен пијалак во светот ќе стане уште позабавен за своите фанови. Во текот на летото, Coca-Cola на своето лого ќе додаде музички стихови со цел да ги поттикне тинејџерите да се изразат преку музика.

Coca-Cola

Музиката за тинејџерите е како јазик. Без оглед дали станува збор за комуникација со пријателите, семејството, или стекнување нови пријателства, сè е полесно со музика. Со поттикнување на тинејџерите да се искажат со песна, целта на Coca-Cola е да им помогне да ги ослободат своите емоции и да комуницираат едни со други преку моќта на музиката.

Преку партнерство со Universal Music, брендот избра стотици современи песни кои ќе бидат испишани на Coca-Cola и Coca-Cola Zero лименки и шишиња. Ова е една од најголемите кампањи во Европа со илјадници шишиња и лименки кои се дистрибуирани низ Централна и Јужна Европа.

Пред лансирањето беа подготвени етикети на кои се испишани стихови од класици како што е „Don’t you forget about me“, до сегашните хитови како што е „Hey Brother“ од Avicii. Песните се избрани во согласност со клучните теми како што се среќата, пријателството, љубовта, училиштето и забавата, и се креирани за да побудат чувства кои потрошувачите ќе сакаат да ги споделат едни со други.

Во текот на кампањата потрошувачите ќе можат да се изразат преку музика, со уникатни Coca-Cola шишиња и лименки, започнувајќи разговори кои можеби никогаш би се случиле без помош на музиката.

Кампањата исто така ќе може да се следи на веб страницата www.kazisopesna.mk. Секоја лименка и шише ќе имаат свој QR код кој потрошувачите ќе можат да го скенираат, а потоа и да ја слушнат песната чии стихови се наоѓаат на Coca-Cola, пред да ја споделат со своите пријатели.

Coca-Cola

Потрошувачите ќе бидат охрабрени постојано да ја посетуваат страницата www.kazisopesna.mk, во текот на целото лето за да дознаат за настаните кои Coca-Cola ќе ги организира во нивна близина.

„Во Coca-Cola ние секогаш сме во потрага по нови начини да им помогнеме на луѓето да споделат моменти и искуства едни со други и ние сме сигурни дека ова партнерство со Universal Music е еден од нив. Музиката е моќен начин за луѓето да комуницираат и затоа сакаме да ги инспирира луѓето да се изразуваат на нов начин“ – велат од Coca-Cola.

Оливие Роберт Марфи, претставник на Universal Music рече: „Музиката е единствена во своето емоционално влијание и #КажиСоПесна е оригинален пристап кон поттикнување на тинејџерите да се изразат преку музиката. Воодушевени сме од соработката со Coca-Cola која оживеа илјадници наши песни.“

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20825 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.