Почетна » Новости » Занимливости » Coca-Cola караванот ја исполни својата хуманитарна мисија

Coca-Cola караванот ја исполни својата хуманитарна мисија

Новогодишниот Coca-Cola караван, кој во текот на декември ја споделуваше празничната магија и ги исполнуваше срцата со радост, ја исполни својата хуманитарна мисија. Благодарение на добрите срца на илјадници граѓани, добрата волја на голем број компании, училишта, општини, јавни институции како и партнерството со издавачки куќи, во текот на новогодишниот караван собрани се преку 600 книги кои се наменети за децата во Детската клиника во Скопје.

Coca-Cola караван

Добротворната мисија на Coca-Cola, која повикува на споделување радост за секого и секаде, продолжи и понатаму. Во соработка со Детската клиника, Coca-Cola ja преуреди и заедничката просторија во склоп на клиниката во која децата можат да уживаат во добиените книги, да играат, да се дружат, да го разубават и исполнат времето поминато во болница. Новата соба, Coca-Cola соба на радоста, официјално беше отворена деновиве, а дечињата ја дочекаа со голема радост и задоволство.

Coca-Cola караван

Coca-Cola уште еднаш покажа дека малку е потребно за да ја разбудиме добрината и хуманоста во секого и дека многу малку треба за да предизвикаме насмевка на лицето и да донесеме радост во срцата.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20838 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.