Наближувањето на празниците ги преплави социјалните мрежи со божиќни фотографии од среќни семејства и нивните најмлади членови. На профилот Inspired By Colour на Instagram, стотици фотографи и аматери ширум светот споделуваат празнични фотографии од заспани новороденчиња на чиј шарм нема да можете да одолеете.
Новороденчиња облечени како Дедо Мраз и снешко и бебенца кои лежат во новогодишните венци се само дел од прекрасните новогодишни фотографии споделени на профилот кој го следат над 20.000 лица.
Па, има ли нешто послатко од малечко бебенце кое безгрижно патува во светот на соништата?