Фотографиите од слатки новороденчиња секогаш шират спокојство и мамат разнежени насмевки. Линдзи Волден од Далас, Тексас, фотографира бебиња кои штотуку дошле на овој свет, а за својот нов проект таа се инспирира од познати уметнички дела.
Нејзината голема љубов кон фотографијата се родила кога го добила третото дете. Таа ја фотографирала новородената ќеркичка толку многу пати, што постепено нејзиното хоби се претворило во професија.
Ова е нејзин прв проект од ваков тип. Засега Линдзи има објавено само шест фотогорафии од планираните дванаесет.
Погледнете и други фотографии на Волден од неодоливи заспани бебенца: